Масовната изградба ги урива цените на становите

Bez autora
May 30 2013

Паѓаат цените на становите во Скопје. Масовната изградба на згради во голем број населби во главниот град изминативе години, но и рестриктивната политика на банките за одобрување станбени кредити, го намалија интересот кај граѓаните. Намалувањето на цените на станбениот квадрат го регистрира и Народната банка во најновиот извештај за периодот од јануари до март. Според извештајот, падот на цените во новоградбите продолжил откако поевтинување на становите беше регистрирано и при крајот на минатата година. Kон крајот на март цените паднаа за 5,5 отсто. Ваквиот тренд на намалување може да се објасни со тенденцијата на раст на изградените станбени згради во изминатиот неколкугодишен период. Падот делумно е стимулиран и од странските инвестиции во изградбата на недвижности.

Масовната изградба ги урива цените на становитеПаѓаат цените на становите во Скопје. Масовната изградба на згради во голем број населби во главниот град изминативе години, но и рестриктивната политика на банките за одобрување станбени кредити, го намалија интересот кај граѓаните.

Намалувањето на цените на станбениот квадрат го регистрира и Народната банка во најновиот извештај за периодот од јануари до март. Според извештајот, падот на цените во новоградбите продолжил откако поевтинување на становите беше регистрирано и при крајот на минатата година. Kон крајот на март цените паднаа за 5,5 отсто.

- Ваквиот тренд на намалување може да се објасни со тенденцијата на раст на изградените станбени згради во изминатиот неколкугодишен период. Падот делумно е стимулиран и од странските инвестиции во изградбата на недвижности - пишува во извештајот на Централната банка.

Специјални понуди

Индексот на цените на становите НБМ го прави врз основа на податоците за Скопје, кои ги собира од огласите за продажба, што ги објавуваат агенциите за недвижности.

Огромната понуда на станови во новоградби на пазарот ги натера градежните фирми да се служат со невообичаени маркетиншки методи за да привлечат купувачи. Бесплатно комплетно опремување на новокупениот стан, попусти за одредени професии, пониска цена за втор купен стан од истата фирма, гратис подземна гаража, се само дел од понудата на градежните фирми.

Така, идните купувачи на стан во „Скопје сити тауер“, новата зграда во близина на трговскиот центар „Скопје сити мол“, ќе добијат гратис целосно внатрешно уреден дом доколку уплатат за покрив над главата до 30 јуни. Според надлежните, тоа подразбира дека инвеститорот ќе им го опреми станот со мебел, санитарии и слично.

- Нудиме конкретен тип внатрешно уредување. Доколку на купувачот не му се допаѓа, не мора да го прифати, но тогаш внатрешното уредување ќе биде на негов трошок. Овој пристап во продажбата кај нас не се користел или барем тоа не било толку јавно. Свесно тргнуваме во ваква кампања за да се разликуваме од другите и со тоа да привлечеме купувачи. Сите имаат згради, сите намалуваат цени, па затоа нашиот пристап во продажбата е поинаков - велат од „Скопје сити тауер“.

Оттаму објаснуваат дека специјалната понуда не се должи на немање интерес од купувачите.

- Понудата ја објавивме уште првиот ден кога ги огласивме становите на продажба. Ова ни е договорена стратегија со која претходно решивме да настапиме на пазарот - велат од компанијата.

Се гледа само цената

Градежната компанија „Адора“, пак, во одреден период нуди попусти за конкретни професии. Така, за Денот на лекарите нудеше пониски цени за луѓето од оваа професија, а истото го понуди и за Денот на просветителите.

- Сакаме да понудиме поволни услови за различни целни групи. Секоја професија заслужува почит и некакво внимание, па поради тоа, дававме пет отсто попуст за таа категорија вработени додека трае промоцијата. Тоа е цела стратегија, која за некого може да биде мотив плус да купи стан. Искуството покажа дека ваквата стратегија наидува на многу добар одѕив, особено за Денот на лекарите. Тогаш имаше голем интерес. Паралелно со тоа договараме и поповолни кредити со банките - вели Драгана Чифлиганец, извршен директор на „Адора инженеринг“.

Според неа, цените за квадратен метар во „Адора инженеринг“ се усогласени со квалитетот на градба и се поволни за тоа што се добива.

- Таа цена долгорочно е многу исплатлива. Kај нас економски се гледа само цената на станот, но не и што се добива за неа. Може некој стан да е поевтин, но долгорочно, поради лошиот квалитет на градба, да испадне многу поскап. Ние сакаме да ги привлечеме купувачите, да им објасниме што нудиме и зошто тоа ќе им се исплати - вели Чифлиганец.

Агентите за недвижности велат дека во моментов цените на новоградбите во Скопје се движат од 800 до 1.300 евра. Но, потенцираат дека честопати купувачите со инвеститорот во четири очи се договараат за одреден попуст. Искуството на агенциите покажува дека сега многу повеќе се бараат станови во новоградби отколку стари станови, како што беше во минатото. Сепак, посочуваат дека кога станува збор за атрактивна локација, речиси и да нема разлика во цената меѓу стар и нов стан.

Kвадратот поевтинил за 45 до 70 евра

Според процентот на намалување на цените што го пресмета Народната банка, излегува дека станбениот квадрат поевтинил од 45 до 70 евра, односно најевтините станови, кои првично се продавале по 850 евра за квадрат, сега би требало да се купат за 800. Тие што чинеле 950 евра, сега се околу 900, а тие од 1.000 евра паднале на 945. Најскапите станови од 1.200 или 1.300 евра за квадрат, сега би требало да може да се купат за 1.150, односно 1.230 евра за квадратен метар.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik